Хорнер: Ферари се многу силни, за Мерцедес не знаеме

Кристијан Хорнер од Ред Бул смета дека Скудерија Ферари ќе биде тимот кој треба да се следи оваа сезона, додека за Мерцедес смета дека сеуште не ја покажале брзината. 

Ферари изненадија на тестот покажувајќи дека се брзи и издржливи, но Ред Бул на последниот ден се покажа како најбрз иако не знаат како возела нивната конкуренција. Сепак, најброто време на Верстапен беше поставено со помеки гуми од она на Ферари.

Мерцедес се појавија со целосно нова верзија на болидот на патеката која не личеше многу брзо и имаше доста проблеми, но Хорнер верува дека тие ја кријат брзината. 

За мене најбрз болид е тој на Ферари затоа што Имаа силни тестови во Барселона и Бахреин. Многу се конкурентни на патеката, Но сепак овие болиди се сеуште нови. Разбовојот беше интензивен и брз и очекуваме тоа да се промени, без сомнение – смета хорнер.

Со новите правила, тешко е да се предвиди кој ќе биде најбрз и целосната слика ќе се види на трката во Бахреин. 

Мислам дека наредната сабота ќе видиме кој до каде е со брзината и со тежината на болидот. Мислам дека Мерцедес сеуште не се покажаа, Ферари се во форма и се надевам дека ќе бидат силни. Мекларен имаат добар болид и Алпин беше брз, но сепак не е можно да се предвиди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ