Хорнер: Чудно е како Мерцедес ги промаши правилата

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не може да поверува како Мерцедес се толку далеку од предниот ред оваа сезона и покрај големиот успех во минатите години. 

Мерцедес ја започна сезоната како осумкратен последователен шампион кај конструкторите во новата турбо хибридна ера. Но, оваа година има нови технички правила кои не им тргнаа од рака на Мерцедес. 

Изненаден сум што немаат брзина. Брзо го променија фокусот за новиот болид, но кога го покажаа, тој беше радикален.

Имавме очекување да доминираат или барем да се во слична позиција, Но очигледно не успејаа да ни парираат. Тоа е чудно бидејќи имаа голема доминација во последните осум години, а сега немаат победа. 

Уникатниот дизајн на болид без странични делови кој го користи Мерцедес се покажа како неуспешен. 

Дали е легално? Секако има различна интерпретација на правилата. Момците се убедени дека тоа можеби ќе профукнционира, Но не личи така. Нешто значајно имаат промашено. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ