Хорнер: Ќе бидеме силни и покрај дистанцирањето на Њуи

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред бул, верува дека екипата ќе биде силна како и секогаш и покрај тоа што Адриан Њуи се дисанцирал од екипата.

Главнот технички директор, Њуи, беше одговорен за целосниот развој на болидот на Ред Бул и им донесе шест конструкторски и пет возачки титули окако дојде од Мекларен во 2006 година. Но, 64-годишникот се повеќе се фокусира на проекти надвор од Формула 1.

минатите неколку години адриан се повеќе ги предаваше секојдневните работи на други и го делеше времето помеѓу формула 1 тимот и нашиот оддел за напредни технологии. тој има енциклопедиско знаење и тоа го покажа минатите некоклу години што беше фантастично да се види, но сега техничкиот тим го предводат пјер ваче, енрико балбо, бен вотерхаус и крег скинер. верувам дека имаме најсилен технички тим и тоа ќе му овозможи на адриан да се фокусира на други работи.

секако дека тој сеуште ќе раоти за тимот и ќе помага, но не секојдневно. можеби 50% од неговото време ќе биде посветено на формула 1 и ќе биде во тимот неколку денови во текот на неделата. кога ќе имаме потреба од него, секако дека ќе го собере тимот – објасни хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ