Хулкенберг “напален“ од можноста да вози за Ред Бул

Нико Хулкенберг призна дека е “напален“ од можноста да заработи тркачко место во Ред Бул следнатга година и на тој начин да се врати во падокот.

Германецот го загуби своето место во Рено на крајот од 2019 година, но сезонава беше супер замена за Рејсинг Поинт за кои одработи три трки, два пати менувајќи го Чеко Перез и еднаш како замена за Ленс Трол.

мојата мисија годинава беше многу куса и концентрирана, но сакам такви предизвици.благодарен сум за шансата затоа што во спротивно моето име ќе беше многу помалку присутно и реално во моментов заборавено – реален е нико во својата изјава за германски Sport1.

33-годишниот германец е посакуван колега за Макс Верстапен како замена за Алекс Албон кој назадува и прави грешки константно. Хулк вели дека е изненаден што е фаворит за местото кога за истото конкурира и мексиканецот Перез.

не го очекував тоа и проади тоа сум благодрен што ситуацијата е во моја корист во моментов.

Запрашан за тоа што за него ќе значи да си обезбеди место во Ред Бул, Нико го спореди со неговата ситуација пред неколку години кога се велеше дека е блиску до потпис со Ферари.

навистина сум “попален“ што имам можност да добијам ваква шанса во овој стадуим на залезот од мојата кариера и чувствувам дека конкуренцијата и тркањето во формула 1 многу ми недостасуваат.

Запрашан што мисли за тоа што Макс директно го побара за свој колега следната година, Хулк смета:

искрено одлично се сложувам со него, но во моментов не се занесувам поради таа негова изјава и поради тоа негово барање. ако не испадне ништо, ќе продолжам да барам, немам ништо специфично туку само барање за моите услуги од други серии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ