Хулкенберг: Полудо од минатиот пат

Нико Хулкенберг откри дека бил известен дека неговите услуги се потребни во Рејсинг Поинт на Ајфелското Гранд При само четири часови пред почетокот на квалификациската сесија за утрешната трка.

Германецот го замени Ленс Строл кој не се чувствувал добро и тоа е трет пат оваа година да менува возач на тимот, откако претходно го менуваше Серхио Перез на двете трки во Велика Британија. Во Силверстон германецот добил повик дека е потребен ноќта пред денот на одржување на тренинг сесиите.

Во својата изјава за британски Sky Spots F1, тој објасни дека овој пат било многу подраматично и имало помалку време затоа што кога добил повик тој релаксирано седел со свој пријател во Келн.

беше полудо од минатиот пат. бев во келн што е еден час возење од овдека. ионака требаше да дојдам на патеката попладнево затоа што имав обврски во телевизискиот пренос на ртл утре.

седев со другар во 11 часот утрово и пиевме кафе кога видов дека отмар шафнауер ме бара. ми кажа колку што можам побрзо да дојдам затоа што сум им потребен. влегов во автомобилот и дојдов овдека, останатото сите го видовме – опиша германецот.

Тој извозе само четири летечки кругови на квалификациите и заврши на последното место половина секунда од времето кое носеше во лседниот квалификациски сегмент.

болидот беше поинаков од силверстон, но патекта е сосема различна, така што и болидот е поинаку сетиран. има неколку технички работи кои се многу различни и морав да ги подесам за да најдам оптимум.

јасно е дека не е лесно со само четири извозени кругови, но се на се сум задоволен со тоа што го одработев, барем за сега.

Тој очекува тешка трка во Недела и ќе продолжи да бара добар ритам во РП20 болидот на тимот.

утре ќе биде пеколно тежок предизвик и ќе направиме се што можеме. јасно е дека имам големо искуство од оваа патека, но денеска имав само чеитир кругови. утре ќе се тркаме и ќе видам што можам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ