Хулкенберг: Прашање на време е кога Мик ќе стигне до Ф1

Нико Хулкенберг смета дека е само прашање на време пред Мик Шумахер да влезе во Формула 1.

Синот на седукратниот Формула 1 првак напредува силно низ јуниорските категории, а оваа година ќе му биде втора Формула 2 сезона со Према Рејсинг. 21-годишникот е дел од Академијата за млади возачи на Ферари и годинава има веќе четири подиуми кои му го носат 5то место во возачкиот поредок во моментов.

Хулк е импресиониран од младиот Шумахер и смета дека треба да мине само време пред младиот возач да дојде во врвната моторспорт тркачка серија.

прашање на време е кога мик ќе се појави во формула 1. јас веќе сум се тркал против михаел, но сакам да се тркам и против мик – вели нико.

Ферари има широка соработка со Алфа Ромео и право да одреди еден возач во тимот, така што за следната година се чини дека ако Кими Раиконен се повлече, Шумахер е најочигледна опција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ