Хулк дознал дека Перез ќе оди во Ред Бул 10 минути пред потврдата

На Нико Хулкенберг му било кажано дека Ред Бу ќе го потврдат Серхио Перез за следната година 10 минути пред официјалното соопштение.

Германецот беше еден од фаворитите да го замени Александер Албон за следната година, заедно со Серхио Перез. Сезонава Хулк одработе три трки за Рејсинг Поинт, на две го менуваше токму Перез, а на една неговиот колега Ленс Строл. 

33-годишниот поранешен возач на Вилијамс, Форс Индија, Рео и Заубер беше префериран од Макс Верстапен за колега, но Кристијан Хорнер тврдеше дека немало ништо освен првичен неформален контакт со возачот. Доктор Хелмут Марко откри дека не било баш така и дека преговарале со Нико.

Откако доктор Марко информираше дека Александер Албон добил информација дека нема да вози за тимот следната година, бил запрашан дали бил информиран и Нико Хулкенберг.

јас му се јавив 10 минути пред официјалната објава и му кажав дека сме донеле одлука и сме се решиле за друг возач – откри марко.

Тој тврди и дека Нико и Чеко самите му се понудиле на тимот, а не обратно. Мексиканецот побарал ангажман во Ред Бул токму кога бил информиран дека нема да му биде продолжен договорот со Рејсинг Поинт.

двајцата не побара нас во текот на есента за време на трките во италија, онаа во монца и на муџело во септември.

Сепак феноменалната форма на Серхио и знаењето за моторот на Мерцедес кое го има проади долгото користење на истиот, биле пресудни во одлуката на екипата од Милтон Кинс.

разговарав со перез за карактеристиките на моторот на мерцедес затоа што долги години се трка со тој агрегат и многу добро го знае.

хулк последна цела сезона одработе со рено, а трки возеше со рејсинг поинт со мотор на мерцедес и веројатно и тој имаше податоци и ќе знаеше да ни даде насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ