Хулк сака да се трка против Верстапен

Нико Хулкенберг сака да се проба против Макс Верстапен и е сигурен дека може да дојде блиску до брзиот холанѓанец.

Германецот се надева на враќање на Формула 1 гридот догодина и е поврзуван со место во Ред Бул, Алфа Ромео и американски Хаас. Годинава Хулк паузира, но веќе возеше на три трки за Рејсинг Поинт како замена и одлично се покажа во розевиот Мерцедес.

треба да видам како се развива екипата и перспективата која ја има за во иднина затоа што во моментов сум загреан за формула 1 и сакам да продолжам така, но не по секоја цена. ред бул секако дека е најдобра опција за мене со оглед на перформансие и атрактивноста и конкурентноса на нивниот болид. не сум константно дел од гридот оваа година и мора да сум оставил добар впечаток кога сум менувал во рејсинг поинт – смета нико.

По константно разочарувачките перформанси на Алекс Албон кој е многу далеку од Макс Верстапен, се засилија шпекулациите дека “биковите“ ќе се решат за искусен партнер на Верстапен догодина. Доктор Хелмут Марко застана во одбрана на Албон велејќи дека никој не може да се приближи на три десетинки до Макс во исти болид.

кога имам добар ден секако дека можам. макс има убиствена брзина, ако не е и најбрз така што секој кој е негов колега влегува во голем ризик. сакам да дознаам како е против него и да се споредувам со него, да видиме што ќе испадне од сето тоа.

Дури и ако германецот не најде место за тркање догодина, тој е свесен дека ако пандемијата продолжи тој ќе има за одработување трки и следната година.

верувам дека пандемијата ќе потрае и следната година и екипите ќе имаат проблеми како и оваа. сите сме под ризик да бидеме инфицирани, така што сегашниот бинзис модел може да потрае.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ