Чандхок: Верстапен треба да ги знае правилата, тоа му е работа

Аналитичарот на британски Скај, Карун Чандхок, смета дека Макс Вертапен нема никакво оправдување што му беше избришано времето за најбрз круг кое го постави во последната обиколка на Алгарве.

По крајот на трката, младиот холанѓанец не беше свесен дека му било избришано времето и го загубил поенот за најбрз круг откако стјуардите увиделе дека ги надминал границите на 14та кривина од патеката, кривина која Мајкл Маси најави дека ќе биде надгледувана.

Чандхок смета дека ФИА јасно потенцирала во пресрет на квалификациите кои кривини ќе ги следи.

штета што макс не сфатил дека правилото за надгледување на кривините беше променето, односно 14та кривина беше додена во сабота наутро, но мора да го знае тоа, тоа е негова работа. мора да ги понава правилата, да знае што прават и што анализираат правилата затоа што вакви грешки може д го чунат титула – вели карун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ