Чандхок до Ферари: Земете го Саинз, Рикардо веќе имаше шанса

Поранешниот Формула 1 возач, индиецот Карун Чандхок, им препорачува на Скудерија Ферари да го ангажираат Карлос Саинз на местото на Себастијан Фетел следната година затоа што Даниел Рикардо, додека бил во Ред Бул, добил шанса во врвна екипа.

Германецот Фетел ја одработува својата последна година од вториот тригодишен договор со Ферари, а италијанските медиуми шпекулираат дека тој веќе одбил една понуда за едногодишно продолжување на верноста кон тимот со силно намалена плата.

Вчер проструи веста дека Себастијан добил и втора понуда од Ферари, но како и првиот пат, официјална потврда од ниедна страна нема. Поради тоа, почнуваат на големо шпекулациите во врска со иднината на возачот на Ферари.

го имате саинз и го имате рикардо кои буквално самите се нудат во еден од најдобрите тимови на гридот.

мислам дека развликата помеѓу карлос и даниел е тоа што вториот доби шанса во врвна екипа, а шпнецот сеуште не. би сакал карлос да добие можност затоа што беше безгрешен и одличен во мекларен, некако оживеа и сврте нов лист.

ако ме прашате мене, јас би препорачал да се задржи себ и следната година поради сето тоа што се случува, а потоа да пробаат да го доведар карлос за 2022 година – посочи карун.

Сепак, индиецот смета дека доколку Себ сака да остане во екипата од Маранело, тој мора да се согласи на големо намалување на платата.

ќе мора да се согласи на големо намалување на платата затоа што ферари го имаат леклер во моментов кој е идна ѕвезда на тимот и немаат потреба да го плаќаат себастијан толку многу колку што го плаќаа до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ