Чандхок: Очигледно е дека Макс се трка поразлично против Луис

Карун Чандхок, поранешниот Формула 1 возач и сегашен аналитичар на скај, посочи дека во борбата за титулата оваа сезона, Макс Верстапен се тркал поинаку одошто против Луис Хамилтон лани.

Индиецот смета дека трките на холанѓанецот против Хамилтон биле многу поагресивни и на работ на инцидент, но годинава тој бил многу поразличен на патеката против Шарл Леклер, кој прв пат сезонава имаше можност да предизвика со Ферари.

мислам дека постои очигледна разлика, луис е кралот и најдобриот од оваа генерација, а макс почувствува потреба дека треба да го симне од тронот за да се докаже.

во џорџ, шарл и во карлос тој гледа врсници кои нема потреба да ги симнува од никаков трон и поради тоа поразлично се трка против нив – смета чандхок.

Саудиското Гранд При беше најдобар пример во однос на тоа како Верстапен се трка поинаку годинава.

саудиското гранд при годинава беше фантастичен пример за тоа и одлична споредба во однос на последната трка од претходната година која се случи смо неколку месеци претходно. разликата беше во луис и макс и нивната контроверзија во 2021 година и шарл и макс кои фантастично се тркаа, финиширајќи половина секунда еден од друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ