Чандхок поласкан, но и збунет од Ферари

Карун Чандхок е поласкан што Ферари сметаат дека неговата анализа на Sky во врска со инцидентот кој доведе до казната на Себастијан Фетел во Канада е толку добра што ја приложиле како доказ при барањето за разгледување на казната доставено до ФИА, но индиецот е во исто време и збунет.

Ферари пристигнаа во Франција “наоружани“ со докази кои сметаа дека се доволни за повторно разгледување на изречената казна од 5 секунди. Согласно правилата истото се прави доколку се приложат нови докази, а италијанците веруваа дека имаат шест нови докази, меѓу кои и анализата под трка на Чандхок.

Индиецот бил поласкан што најтрофејниот моторспорт тим се решил за неговата анализа како доказ.

јас не бев присутен во франција за да имам викенд дома со семејството и се надевав на тивок и мирен период, но мојот телефон и твитер профил збеснаа во петок затоа што ферари ја посочиле мојата анализа како дел од барањето до фиа за повторно разгледување на доделената казна.

не знаев ништо за тоа и всушност бев на сред снимање на аем за автомобили кој мојот телефон почна нонстоп да вибрира. секако дека сум поласкан што екипа од рангот на ферари сметаат дека мојата анализа била исправна и треба да се посочи како доказ, но во исто време сум и збунет зошто го направиле тоа.

фиа беа во право што ја одбија мојата анализа како доказен материјал затоа што нема шанса надворешно мислење од некој кој работи на телевизиски пренос да има тежина на добар доказ.

сепак, судејќи од пораките кои ги добивав, сметам дека моите пријатели многу се забавуваа викендов во падокот – напиша чандхок во својата колумна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ