Чандхок разочаран од Ферари

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, Карун Чандхок, ги обвини Ферари за серијата од грешки кои им ја уништиле шансата да се борат за титула минатата година.

Мерцедес доминираше на почетокот од сезоната, а Хамилтон и Ботас триумфираа на првите 8 трки од сезоната пред Макс Верстапен со победа во Австрија да ги запре. Следуваше подобрување кај Ред Бул и Ферари по летната пауза, но веќе беше предоцна, а “сребрените стрели“ беа предалеку.

Особено Ферари имаа шанси да победуваат во првиот дел од сезоната, но, моторот на Шарл Леклер не издржа во Бахреин додека убедливо водеше, а Себастијан Фетел не го издржа притисокот од Луис Хамилтон во Канада. Во Бразил возачите на Ферари се елиминираа еден со друг, а Чандхок смета дека во пресрет на последната трка од сезоната Шарл требало да има само девет поени заостаток зад шампионот Хамилтон.

ако ме прашате мене, комплетната слика во текот на сезоната е искривена. ако ги гледате грешките, фетел и леклер направиј премногу во текот на годината, а во абу даби шарл требаше да дојде со само девет поени заостаток зад луис.

признавам дека мерцедес имаа подобар болид на 75% од трките, но на патеките кои бараат мала потисна сила како спа, монца, сингапур за мерцедес беа ахилова пета на многу начини. имаше шест трки во сезоната на кои ферари имаа доминантен болид.

ред бул почнаа бавно, а промената на предното крило се чини најтешко ја пребродија, потешко од останатите и им требаше до австрија каде донесоа новини за да се вратат во ритам и доближат до останатите. до тогаш мерцедес имаше осум победи и штета што толку лесно освоија титула годинава. уште еденш ферари самите се уништија – смета чандхок.

Во текот на годината италијанците направија и одреден број на стратешки грешки кои Карун ги опиша како “шега“.

во сочи целите нивни тимски наредби беа шега и уште во третиот круг се обидоа да внесат тимски наредби во трката. себ од кокпитот многу добро им кажа за што зборуваат и дека треба да почекаат по првата серија за да се одлепат од мерцедес и да немаат закана пред да менуваат позиции. беше трка со едно застанување и тоа ќе беше клучно за се.

себ беше во право, но имаше проблем со моторот на сред периодот во кој се менуваа гуми, ферари ги заменија возачите и наместо да го запрат на безбедно, тој запре и предизвика излегување на безбедносно возило што ги чинеше победа на леклер. направија основна грешка.

во монако за време на првиот квалификациски сегмент не го пуштија шарл да извози уште еден круг без разлика на тоа колку гуми е им остане во к2, тие само се елимитираа. правеа основни грешки кои беа глупави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ