Чандхок: Ред Бул со сите сили треба да тргнат по Норис

Поранешниот Ф1 возач и аналитичар на Скај Спортс Ф1, Карун Чандхок, верува дека Ред Бул треба да даде се и да се обиде да ги обезбеди услугите на Ландо Норис од Мекларен.

Норис допрва треба да стигне до својата прва победа во Ф1, но со секоја измината сезона, акциите на младиот британец продолжуваат да растат. Високо оценетиот 23-годишен возач, има договор со Мекларен до крајот на 2025 година и иако се чини неверојатно договорот за младиот возач да биде откупен пред да истече, нема гаранции дека Норис ќе остане во тимот од Вокинг на подолг рок.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер и шефот за моторспортот на тимот, Хелмут Марко, го пофалија Норис во минатото, при што првиот на почетокот на оваа година го откри целосниот обем на интересот на неговиот тим за британецот.

Разговаравме со Ландо неколку пати во текот на годините, но секој пат кога имавме разговор, тој потпишуваше договор со Мекларен следниот ден – призна Хорнер.

Тој е на долгорочен договор со Мекларен и изгледа дека ќе биде таму уште неколку години.

Претходно оваа година, Макс Верстапен потпиша договор со Ред Бул кој ќе го задржи холанѓанецот во тимот до крајот на 2028 година, додека неговиот тимски колега Серхио Перез теоретски има договор до 2024 година.

Но Чандхок, дискутирајќи за иднината на составот на Ред Бул и особено на Перез за време на прегледот на неодамнешната сезона, инсистира дека биковите треба да смислат план за привлекување на Норис во Милтон Кинс, а можеби дури и да му направат понуда на Мекларен што не може да се одбие.

Мислам дека треба напорно да се обидат да го купат Ландо Норис – рече поранешниот Ф1 возач.

Што се однесува до Норис, британецот целосно верува во Мекларен, но доколку тимот не ги исполни очекувањата на Норис во следните три години, големи се шансите тој да бара подобра ситуација на друго место.

Имам верба во Мекларен, верувам во момците кои работат таму, во целиот тим.

Но, времето ќе покаже. Никогаш не можете да бидете 100 проценти сигурни каде ќе бидете, но можете да се обидете да го постигнете тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ