Чандхок сигурен: Себ останува во Ферари и догодина

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор и аналитичар, Карун Чандхок, е сигурен дека Себастијан Фетел ќе остане во Маранело следната година, но не може да каже каде германецот ќе заврши потоа.

Иднината на Фетел е неизвесна затоа што тој ја одработува својата последна сезона во тимот од Маранело, а тоа ќе остане така се до почетокот на сезоната за Ферари да направи проценка дали да продолжи со него.

Италијанските медиуми пренесоа дека Себ веќе добил понуда од Ферари, но со рок од една година и со големо намалувае на платата, а тој експресно ја одбил. Чандхок не е многу убеден дека ова е вистина.

мислам дека тој ќе потпише и ќе остане во 2021 година затоа што во моментов нема притисок поради одложувањето на сезоната и не е во центарот на вниманието.

Сепак, индиецот смета дека 2022 година е “друга приказна“ затоа што тогаш Даниел Рикардо или Карлос Саинз може да го заземат неговото место.

за 2022 година не сум сигурен затоа што даниел рикардо и карслос саинз ќе тропнат на врата без разлика на промената на правилата.

во леклер ферари веќе има идна супер-ѕвезда, така што немаат потреба да му плаќаат на фетел толку многу пари како до сега – појасни карун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ