Чеко призна: Подобрување на моите слабости донесе подобра форма

Серхио Перез откри дека седнал со своите инженери во текот на зимата за да ги реши своите слабости што допринело за одличната форма од почетокот на оваа сезона.

Минатиот викенд низ улиците на Баку, мексиканецот на двете трки го порази својот колега со безгрешно возење низ тесната улична патека стигнувајќи до 6та победа во кариерата и дојде на само 6 поени од лидерот во поредокот за возачи.

мислам дека една од моит слаби страни лани беше менаџирањето на гумите, но, во текот на зимата, седнав со моите инженери и направивме анализа откако бев разочаран по сезоната затоа што немав добар ритам на трка. добро разбрав каде сум послаб од колегта и каде заостанувам и се подобрив за оваа година – откри чеко.

Интересно, но менаџирањето на гумите и предолгите серии секогаш се сметаа за силна страна на Чеко во неговата Формула 1 кариера.

кога дојдов во ред бул веќе знаев како добро дасе грижам за гумите, но ова е различна екипа и различен болид и морав одново да учам се за гумите. мислам дека во мојата прва година, кон крајот на истата, се подобрив, но правилата се променија и не успеав да го применам наученото.

мислам дека сега сум далеку подобар во тоа, со разбирањето на болидот на ред бул и мислам дека таму придобив најмногу.

Перез е во својата 3та година во Милтон Кинс и посочи дека сеуште не е целосно прилагоден

сеуште има простор за подобро прилгодување за да станам подобар возач за тимот и начинот на кој се вози со болидот. штом “ми легне“ екипата и го разберам концептот на болидот, ќе извадам максимум од пакетот, но тоа доаѓа само со време, колку повеќе време, толку пдообри станувате.

Тркање како колега на Верстапен се смета дека е најтешка работа на гридот поради брзината на актуелниот шампион, но мексиканецот успева да му парира особено годинава.

ментано сум многу силен, тоа ми е најсилна страна и секогаш било така. не е лесно да се биде колега на макс затоа што тој констатно испорачува врвни перформанси и победува. сме виделе во минатото како поминувале неговите колеги.

верувам во себе, но морав многу да анализирам за да го разберам концептот на болидот и се што е потребно за да се борам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ