Шарл најавува дека последните трки ќе бидат тест за Ферари

Шарл Леклер сака Ферари да ги искористи последните трки од сезоната како тест, посебно насочен кон стратегијата која годинава на моменти беше многу лоша.

Возачот од Монако сеуште има математички шанси за наслов, но реалноста е дека Макс Верстапен ќе освои титула уште во Јапонија викендов кој претстои. Наместо да се жали дека ја пропуштиле сезонава, а можеле посериозно да нападнат за титулата, Леклер сака да се осигура дека Ферари ќе напредне и ќе работи на областите кои беа слаба точка сезонава, особено стратегијата поради која неколку трки беа загубени.

Сингапур повторно беше разочарување затоа што не победи, но има работи на кои е среќен, како на пример тоа што не погрешија со промената на гуми и времето во кое тоа беше направено.

сакам да ги искористиме овие последни неколку трки за подобро да одрабуваме додека се тркаме, да напреднеме во тој сегмент затоа што годинава грешевме. но, ни требаат и други подобрувања затоа што мораме догодина да бидеме во секој сегмент посилни затоа што второто место не е доволно добро – посочи леклер.

Тимскиот шеф, Матиа Биното, посочи дека тимот добро одработел во Сингапур и биле агресивни во стратегијата против победникот Серхио Перез.

верувам дека донесовме исправни одлуки, бевме помеѓу првите кои променија на мазни гуми во ситуација во која патеката не беше целосно сува и така го притиснавме и перез да застане и промени. на тој начин можеше да ја промениме цела трка – посочи биното.

Со 2то место на Шарл и 3то на Саинз, прв пат од Мајами тимот има двоен поидум на трка. Карлос посочи дека тимот научил од грешките сезонава и може да се подобри и посериозно да нападне во 2023 година.

одлично е што трката ја одработевме со два болиди и стигнавме од двоен подиум. сеуште има работи кои треба да ги подобриме, но мислам дека многу напреднавме. научивме од секоја ситуација и како што кажа шарл, последните пет трки треба да бидат силна подготовка за она што следува догодина.

јасно е дека болидот е тука, многу е силен, јас и шарл сме одлично подготвени, ни треба само да не грешиме за да ги користиме можностите кои ни се укажуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ