Шефот на Хонда изненаден од предноста на Ред Бул пред Ферари

Хонда се задоволни од прикажаните пеформанси на нивниот партнер Ред Бул оваа сезона, но остануваат приземни кога ја гледаат разликата во поени помеѓу Ред Бул и Ферари. 

Шефот на Хонда, Јасуаки Асаки, признава дека предноста во поени на Ред Бул пред Ферари е изненадувачка. Тимот води 97 поени пред Скудерија додека Макс Верстапен има предност од 80 поени пред Шарл Леклер. Сезонава Мерцедес се мачат со новите правила и не може да им парираат на Ред Бул и Ферари, но Асаки не ги очекувал проблемите на Мерцедес. 

Изненадувачки е што Мерцедес не го покажуваат потенцијалот што го имаат. Очекувавме силен Ферари, но не сметавме дека ќе има борба меѓу Ред Бул и Ферари. 

Ферари и Ред Бул се единствените екипи со победи од почетокот на сезонава, но Скудерија има проблеми со издрживоста, грешки на возачите и проблеми со стратегијата. 

Ред Бул прават помалку грешки од Ферари во моментов. Разликата во поени е поголема од нивната сила. Ние сме во позиција да се бориме за двете титули и го правиме тоа. Имавме проблеми, но ги решивме. Мислам дека затоа сме тука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ