Шовлин: Не смееме да погрешиме на стартот

Главниот инженер на Мерцедес, Ендру Шовлин, изјави дека тимовите кои ќе научат како да ги подесат болидите на тестот ќе имаат предност на првите трки. 

Екипите носат целосно нови дизајни за почеток на новата сезона со нови правила. Разликата помеѓу ланските и овогодинешните болиди е огромна и новата авантура почнува во Барселона на крајот на месецот. преку првиот предсезонски тест

Шовлин смета дека ги чека многу работа на тестот за да се открие брзината на болидите. 

Зимските тестови се многу важни. Имаме само шест дена и тоа три по возач за да се проба и да се научи се.

Треба да се работи на корелацијата и да се спореди со симулациите. Најважно е да ги разбереме гумите. Покрај тоа мора да видиме како се подесува болидот за да има добар баланс. Периодот е краток и имаме голем предизвик.

Тимовите се подготвуваат за новите болиди, но во моментов возат и во симулаторите и во воздушните тунели. И покрај големата инвестиција, многу е важно да се научи што повеќе.

Кога имаш нов болид, се трудиш да го избалансираш и возачот да е среќен на квалификациите. Сите не чека многу учење. Мора да се најде најдоброто време по круг.

Секоја патека ќе биде нова за нас. ФОкусот е на првите трки за да ги пронајдеме перформансите.,Но важно е да имаме добра корелација помеѓу болидот и моделите кои ги возиме во симулаторот. Ако тоа е добро тогаш ќе биде полесно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ