Шумахер би прифатил улога на резервен возач

Мик Шумахер посочи дека би прифатил улога на резервен возач во Формула 1 следната година, по неговото разочарувачко заминување од тимот на Хаас.

23-годишниот возач е ослободен од американскиот тим за следната сезона, а на негово место доаѓа Нико Хулкенберг. Шумахер се мачеше да ја достигне формата на тимскиот колега Кевин Магнусен откако данецот беше вратен како замена во последен момент за Никита Мазепин пред почетокот на сезоната.

Кога беше прашан за неговата реакција на веста, Шумахер верува дека тој се подобрил во текот на годината и посочи дека требало да му се даде повеќе време по тешката дебитантска сезона во 2021 година.

Очигледно е разочарувачки на некој начин бидејќи чувствувам како да сум завршил добра работа до овој момент. Од друга страна, тимот реши да оди во таа насока, па морам да го почитувам тоа. Фокусиран сум на иднината.

Сигурно имавме подеми и падови, но мислам дека трендот секогаш беше насочен нагоре и мислам дека тоа е она што е важно.

ова ми е само втора година во Формула 1. Минатата година Не знам ни дали навистина можете да ја сметате како година бидејќи очигледно беше тешка, ние бевме постојано позади.

Морав да се навикнам да бидам во борбите во средниот ред и чувствувам дека во текот на годината успеавме да го направиме тоа и се чувствувам како да го извлеков максимумот од секоја ситуација.

По сомневањата кои се појавија во последните недели за шансите на Шумахер да остане во тимот на Хаас, се зголемија шпекулациите за неговата веројатна дестинација во 2023 година. Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека сака да го врати името на Шумахер во “сребрените стрели“.

Кога го прашаа за неговите идни планови, Шумахер посочи дека улогата на резервен возач во 2023 година не е отпишана.

Само сакам да се ставам во позиција каде што знам дека тоа ќе биде добро за мене и без разлика дали тоа е како резервен возач или постојано возачко место, тогаш тоа треба да се дискутира и да се анализира – одговори Шумахер.

Ги имам луѓето на кои им верувам околу мене со кои ќе се консултирам и се надевам дека наскоро ќе излезам со некои вести.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ