Шумахер задоволен од пофалбите на ривалите

Мик Шумахер изјави дека не очекувал да се најде помеѓу топ 10 возачите минатата сезона и дека е задоволен од пофалбите на аналитичарите и ривалите. 

Макс Верстапен беше избран за Возач на годината, додека германецот се најде на топ 10 листата. Возачот на Хаас поголемиот дел од годината го помина на крајот на гридот поради одлуката на Хаас да не го развива болидот. 

Тоа е дефинитивно убаво и среќен сум поради тоа. Мојата желба е да се најдеме на средина на гридот.

Сакам добра борба на гридот, Но ќе мора да почекаме да видиме до каде се ривалите. Сакам да продолжиме таму каде што застана тимот во 2019 година.

Секогаш има ризик развојот да се оди во погрешна насока. Моја цел е да бидам што понапред. Ќе видиме што носи иднината – изјави германецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ