Шумахер: Ф1 ќе продолжи и без Верстапен

Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, верува дека спортот ќе продолжи да напредува и во отсуство на актуелниот и двократен шампион, Макс Верстапен. 

Верстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, но неколку пати изјави дека сака да замине од спортот поради измените на спринт викендите. Холанѓанецот верува дека повеќе промени се опасни за спортот бидејќи ќе го направат само шоу. 

Се надевам дека нема да има многу промени бидејќи нема да ми се допаѓаат и нема да сум долго – посочи макс.

Шумахер изјави дека тој сочувствува со Верстапен потенцирајќи ги последните жалби од рестарт процедурите во Австралија. 

Се согласувам со него. Тоа е голем товар за возач, аГи видовме последиците во Мелбурн – вели ралф.

Верстапен е голема ѕвезда во Ред Бул откако дојде во спортот и победи на првата трка. Шумахер е сигурен дека со заминувањето на Верстапен нема да се намали атрактивноста на спортот. 

Минатото, сегашноста и иднината покажаа дека Формула 1 е многу поголема од една индивидуа. Берни замина и сите викаа дека Формула 1 ќе престане да постои без него, но е поуспешна од било кога.

Верстапен може да се спакува и да замине, Но јас разбирам дека тоа носи ризици. Ќе мора да ги плати. Доколку сака, тогаш треба да замине и тоа сигурно  Нема да ја убие Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ