Јамамото даде свое мислење за проблемите на Ферари

Масаши Јамамото кој е поранешен директор на Хонда и сега консултант за мотори на Ред Бул, верува дека тимот сеуште е подобар од Ферари во однос на сила на моторите. 

Макс Верстапен не можеше да се одбрани од Шарл Леклер кој три пати го престаса во текот на трката во Австрија за да дојде до првата победа од април. 

Беше добра трка, но и тешка. Дадовме се од себе на почетокот, но гумите беа се полоши. Мислам дека Леклер беше побрз од било кој.

Макс направи одлична работа да стигне до втора позиција. На крајот на трката беше интересно со проблемот на Леклер, но Ферари беа пребрзи. мислам дека дадовме се од себе. Победивме на спринтот и завршивме втори на трката – задволен е јапонецот.

Сепак, Ферари немаа мирен ден и моторот на Карлос Саинз откажа при крајот на трката. 

Ферари беа силни, но моторот на Саинз откажа додека Ред Бул немаа проблем со издржливоста. Мислам дека работите не се променети.

Ферари имаше предност на четирите трки во јули и посебно на наредната во Франција. Можно е да имаат две победи и две загубени, но реално ќе биде една победа и три загубени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ