Јос Верстапен сепак ќе присуствува на трката

Таткото на Макс Верстапен е на пат кон Зандворт за да го гледа неговиот син како се трка од пол-позицијата на домашното Холандско Гранд При.

Јос, и самиот поранешен Формула 1 возач, не беше присутен досега овој викенд откако беше позитивен на тестот за Ковид.

Тој е добар и повторно е негативен – изјави Гидо ван дер Гарде за Viaplay доцна во саботата.

Доаѓа да го види својот син. Тоа се секако фантастични вести.

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали е воодушевен од успехот и популарноста на новата трка во спортот во 2021 година на класичната патека Зандворт и му дава заслуга на Верстапен за голем дел од тоа.

Ако ја погледнете популарноста, тој сега се приближува до деновите на Шумахер, а И Луис Хамилтон е исто така неизмерно популарен, се разбира.

Што се однесува до Макс, тој е директен и имаме добри односи. Тој е многу важен за целата Формула 1 заедница.

Сепак, актуелниот договор за Холандското Гранд При истекува по 2023 година, а многу гледачи велат дека и покрај популарноста на настанот, желбата на Доменикали да го продолжи договорот ќе биде чисто финансиска.

Лесно е да се зборува така кога немате никаква одговорност – рече Доменикали.

Но, кога ќе ја погледнете ситуацијата овде и ограничениот простор за гаражи и падокот, само да наведам неколку, мислам дека веќе немаше да бидеме тука ако се работеше само за пари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ