Јос: Ред Бул не му помогна многу на Макс

Јос Верстапен изјави дека е разочаран од стратегијата на Ред Бул со која го фаворизирале Серхио Перез пред неговиот син Макс Верстапен на Гранд При трката во Монако. 

Во 17от круг во Монако, мексиканецот влезе да промени гуми и излезе пред Верстапен на интермедиа компонента. Одличното возење на мексиканецот му ја донесе победата на крајот. 

Верстапен мораше да се задоволи со последното место на подиумот во ситуација во која Леклер загуби поради лошата стратегија и сега заостанува зад Верстапен 9 поени во генералниот пласман. Јос не е среќен со стратегијата на Ред Бул и верува дека требало повеќе да се фаворизира неговиот син. 

Ред Бул постигнаа добар резултат, но во исто време малку работеа на тоа Макс да биде напред. Тој заврши трет и тоа поради грешката на Ферари при менувањето гуми на Шарл Леклер.

Се беше во полза на Чеко. Ме разочарува фактот бидејќи требаше да му помогнат на лидерот во шампионатот.

Мислам дека 10 поени му избегаа на Макс. Неговата трета позиција беше разочарувачка. Имаше доста тежок викенд, Болидот не му одговараше бидејќи немаше грип на предната оска. Во Монако тоа е најпотребно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ