Њуи го продолжи договорот со Ред Бул

Адриан Њуи го продолжи својот договор со Ред Бул и останува посветен на екипата која е актуелен конструкторски шампион.

Легендарниот дизајнер имаше договор кој истекува на крајот од оваа тркачка сезона, така што на големо постоеја шпекулации околу неговта иднина. По доминантниот почеток на сезоната и силниор РБ19 кој произлзе од Милтон Кинс, тимот набрзина го реши и отвореното прашање за иднината на Њуи и му понуди нов договор за во иднина.

Адриан ќе продолжи да биде Главен технички директор кој ќе биде задолжен за напредокот на Формула 1 тимот, одделот за напредна технологија како и одделот за мотори. Иако немаше официјална потврда за договорот нити пак било какви детали за должината на истиот, Кристијан Хорнер потврди дека инженерот останува посветен на екипата.

адриан е клучен дел од нашиот проект уште од самио почеток. покрива доста области и има многу темелно знаење и искуство на кое помладите може да се потпртат и многу да научат.

мотивиран е како и секогаш. јасно е дека го инетресира на големо и се што правиме во одделот за мотори и напредна технологија, така што ги покрива сите три темели од комплексот во милтон кинс – објасни хорнер.

Тимскиот шеф посочи дека соработката на Њуи со главниот технички директор, Пјер Ваче и главниот во одделот за мотори, Бен Хоџкинсон, вадат максимум од структурата.

мислам дека пјер во оддело за шасии прави фантастична работа, а го имаме и бен задолжен за мотори кој исто така прави фантастична работа како и роб греј во одделот за напредна технологија.

овој е бизнис во кој луѓето се клучни и тоа му овозможува на њуи да искористи максимум од своето искуство. не мора да биде присутен во фабриката секој ден, а неговото искуство го користиме насекаде во нашата групација.

Хорнер посочи и дека Њуи е возбуден од тоа што Ред Бул сами ќе си ги произведуваат моторите од 2026 година, така што ќе станат само втора екипа која целиот болид ќе го склопува во една фабрика.

адриан е многу комнпететен инженер во врска со многу работи кои го сочинуваат согорувањето. целосно се вовлече во нашиот концепт на моторот и тоа ќе го задржи уште долго кај нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ