Њуи е причина за претераното трошење во Ред Бул ?

Последните шпекулации во медиумите велат дека Главниот технички директор на Ред Бул, Адриан Њуи е виновен за прекумерното трошење и пробивањето на буџетот на тимот лани.

По темелната анализа на ФИА на финансиите на сите екипи од гридот, Ред Бул беа посочени дека направиле мал прекршок и го надминале буџетот за не повеќе од 5%. Мало пречекорување на буџетот е дефинирано она кое е под 5% од посочениот лимит, што значи не повеќе од 7,5 милиони долари на годишно ниво.

Холандски De Telegraaf тврдеше дека пречекорувањето било помеѓу 1 и 2 милиони долари и се однесувало на трошоците за кетеринг и храна за персоналот од над 1.000 вработени. Но, исто така холандски Ziggo Sport, тврди дека прекршокот е направен поради несогласувањето за работниот однос на Адриан Њуи помеѓу тимот и ФИА.

Имено, во буџетот влегуваат и платите на тројцата најплатени членови на екипата, а како главен технички шеф и одговорен за дизајнот на болидот, Њуи е помеѓу најплатените. Но, технички британскиот инженер не е на платниот список на тимот од Милтон Кинс, туку неговите услуги се плаќаат на неговата инженерска компанија од страна на компанијата за производство на енергетски пијаоци, Ред Бул. Поради тоа, износот кој се плаќа на компанијата на Њуи мора да биде дел од пресметките за ограничениот буџет.

веројатно има врска со адриан њуи кој е еден од тројцата најплатени во екипата, а дебатата се однесува на тоа дали тој е платен од ред бул или пак е пратен на позајмица од неговата компанија. ред бул како компанија велат дека тие го вработуваат и плаќаат и поради тоа не треба да влезе во пресметките за буџетот поради висината на примањето.

но, фиа вели дека и покрај тоа што е платен и најмен од надворешна компанија, треба да биде вклучен во буџетот затоа што неговата работа е директно поврзана за формула 1 тркачката екипа – велат од Ziggo Sport.

ФИА сеуште не излегла со официјална информација за големината на престапот од Ред Бул, причината или казната, а Мерцедес и Ферари веќе бараат жестока казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ