Њуи: Казната ќе ни влијае на перформансите

Техничкиот шеф на Ред Бул, Адриан Њуи е загрижен дека казната за аеро тестирање на тимот ќе влијае на нивните перформанси наредната година. 

Поради надминатиот буџет на Ред Бул му беше доделена казна за намалување на користењето на воздушниот тунел. 

Со казната ќе се намалат внатрешните тестови и ќе имаме помала процена и помалку идеи, Но ако сме паметни, можеме да извлечеме нешто иако нема да направи голема разлика.

Сепак, тоа се делови за кои веруваме дека ќе работат. Затоа е тешко. Казната сигурно ќе има големо влијание. Можеби ќе не чини неколку десетинки по круг. 

Њуи е загрижен за новото правило со кое треба да се крене подот за 50мм. 

Сите тимови работат на ова веќе некое време и тоа е дел од развојот. Ферари нема да мирува по нивните проблеми и ќе чекаат грешка, Но Мерцедес стартуваше со болид кој заостануваше и видете каде стигна.

Ќе биде тешка година. Знаеме каде ќе почнеме и ќе работиме. Доколку имаме конкурентен болид и го задржиме моментумот ќе бидеме добро. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ