Њуи рано го решил потскокнувањето

Успехот на Ред Бул оваа сезона е поради брзото решавање на проблемот со потскокнувањето. 

Иако актуелниот конструлторски шампион Мерцедес и Скудерија Ферари се мачеа со потскокнувањето, техничкот шеф на Ред Бул, Адриан Њуи. веќе имаше претходно искуство. 

Учев за тој ефект кога работев на последниот проект за спортски автомобил. Барав да стажирам и им пишував на тимовите што се тркаа во 1980 година. Многу од нив не ми одговорија освен Харви Постлетваит кој работеше со Фитипалди кој ми понуди да му бидам помошник. Почнав со работа и станав шеф на тој оддел – се присетува славниот инженер.

Кога Њуи започна со работа за новите правила, поради одамнешното искуство, тоа за него било лесно.

Знаев што не чека, но Малку бев изненаден затоа што Тоа е феномен во гените на овие болиди. Има начин да се предвиди како ќе се справиш со проблемот. Последниот ден на тестот во Бахреин донесовме дел со кој го решивме проблемот и немавме повеќе проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ