Њуи: Рекордите на РБ18 се вистинска награда

Макс Верстапен беше во центарот на вниманието минатиот викенд на Сузука, но главниот дизајнер на тимот, Адриан Љуи имаше одлична причина да прослави со својот возач.

Најпознатиот и најтрофејниот Формула 1 дизајнер, чии креации победија над 100 пати во Формула 1 и освоија многу титули, е клучно средство на тимот од Милтон Кинс и многу важен за тимот. Во Јапонија, Верстапен победи 12ти пат сезонава и е на добар пат да го стигне рекордот на Шумхер и Фетел од по 13 победи во текот на една година. Себ тоа остварување го имаше во 2013 година со РБ9, креација исто така на Њуи.

Серхио Перез победи на Монако за тимот, така што “биковите“ во моментов имаат 14 победи од 18 трки, односно луд процент од 77,77%, највисоко од се што Њуи дизајнирал.

не сум добар со бројки, но ова е убаво да се знае. очигледно е дека добро се забавуваме, иако ферари беа многу брзи на почетокот и реално гледано, беа побрзи од нас.

некако успеавме да ги оптимизираме сопствените перформанси, д го прилагодиме болидот на начин што ќе може да работи добро на сите патеки.

Њуи не пропушти да ги пофали сите во Милтон Кинс кои придонеле во неверојатната сезона и болид на тимот, иако 63-годишникот е клучот на успехо.

макс е феноменален годинава. јасно е дека направи мала грашка во гужвата на сингапур, но освен тоа, тој не греши. зрело вози и секогаш е многу брз, така што заслужува се што му се случува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ