Ќе се менува системот на казнени поени

Во моментов во тек се разговори помеѓу одговорните во Формула 1 за промена на системот на казнени поени во спортот.

Пјер Гасли е многу блиску до казна за забрана од една трка со оглед на казнените поени кои ги освои во минатото, a тоа што од следната сезона ќе има нова екипа, е дополниетлен притсок за него.

нема да кријам, во многу непријатна ситуација се наоѓам и по малку сум засрамен – посочи французинот.

Возачите се согласуваат дека не треба да се ставаат под притисок да не возат на една трка поради прекршоци кои и не биле опасни.

мислам дека имам три поени на мојата супер лиценца и сите се однесуваат на пречекорување на границите на патеката, а тоа не загрозува никого, нити мене – посочи алекс албон од вилијамс.

разговараме за тоа со шефоците на спортот и мислам дека наскоро ќе има промена, иако нема да се однесува на опасното возење.

Валтери Ботас потврди дека се водат добри преговори, но сакаше се да остане надвор од јавноста.

од она што јас го разбирам, дефинитивно ќе има промени во иднина. мислам дека поените треба да се доделуваат само при опасни ситуации кои може да наштетат и донесат ризик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ