Џин Хаас: Шумахер со сударите не чинеше цело богатство

Сопственикот на Формула 1 тимот на Хаас, американецот Џин Хаас, вели дека Мик Шумахер го чинел својот тим цело богатство преку различни инциденти на патеката оваа година.

Иднината на Шумахер по 2022 година е неизвесна, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Различни медиуми сугерираат дека германскиот возач ќе го изгуби местото во Хаас за 2023 година, а сегашниот резервист на Астон Мартин, Нико Хулкенберг, се предлага како негова замена.

Раната фаза од сезоната на Шумахер оваа година беше нарушена со значителни инциденти, пред се во Саудиска Арабија и Монако. Хаас вели дека несреќите биле скапи за неговиот тим, кој работи со ограничен буџет во споредба со другите организации.

Во овој спорт, како возач дебитант, спортот едноставно не го дозволува тоа, едноставно е премногу скапо. Ако направите какви било грешки во изборот на возачот, стратегијата или изборот на гуми, тоа ве чини милиони долари.

Мислам дека Мик има многу потенцијал, но знаете дека чини цело богатство и уништи многу болиди кои нè чинеа многу пари што едноставно ги немаме.

Ако ни носите неколку поени, а вие сте Макс Верстапен и кршите болиди, ние ќе се справиме со тоа. Но, кога сте позади и уништувате болиди, тоа е многу тешко – вели американецот.

Шумахер има постигнато поени во два наврати оваа година, постигнувајќи го својот најдобар резултат во кариерата со 6то место на трката во Австрија. Како и да е, Хаас сугерира дека Шумахер мора да освои уште топ 10 пласмани во преостанатите трки оваа година за да го задржи своето место.

Иднината на Мик ќе ја реши самиот Мик, Само чекаме. Ни треба Мик да донесе неколку поени и се обидуваме да му дадеме што е можно повеќе време за да видиме што може да направи.

Ако сака да остане со нас, треба да ни покаже дека може да постигне уште неколку поени. Тоа е она што го чекаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ