Антонио Џовинаци и Роберт Шварцман ќе ја поделат должноста на резервен возач во Скудерија Ферари следната година.
Италијанецот пропушти враќање на гридот сезонава, а “црвените“ веќе го потврдија како дел од нивниот тим во хиперкар класата во шампионатот на издржливост. ВЕ ќе биде примарна цел на Антонио претсојнава сезона, но ќе остане резервист и во Ферари, иако ќе ги дели должностите. Лани тој беше резерва заедно со тркачот на Хаас, Мик Шумахер, кој ја прекина соработката со Ферари и ќе биде резервист во Мерцедес сезонава.
Џовинаци долго време беше во комбинација да го замени Мик во Хаас за оваа сезона, но американците му го доделија празното место на искусниот Нико Хулкенберг
Пет трки од вкупно седум колку што ендјуранс првенството има во календарот се покопуваат со Формула 1 трката, така што за време на тие викенди, Скудеирја ќе ги користи услугите на друг свој возач, Роберт Шварцман кој ќе биде на должност во Џеда, Барселона, Баку, на Силверстон и Интерлагос.
Шварцман ја мина минатата сезона како тестер и развоен возач на тимот по две сезони во Формула 2, редовно тестираше и доби две тренинг сесии во петок како млад возач. Исто така, учествуваше и на тестот за млади возачи во Абу Даби по крајот на сезоната. Неодамна тестираше Индикар за Чип Ганаси, но нема официјална потврда дали ќе се трка во САД.