Џовинаци нема да вози за Алфа Ромео догодина

Алфа Ромео официјално потврди дека Антонио Џовинаци ќе го напушти нивниот тим на крајот од оваа тркачка сезона.

Швајцарската екипа веќе некое врме го има единственото непотврдено место за тркање за следната сезона, а италијанецот се надеваше дека ќе добие продолжување на соработката со тимот од Хинвил. Но, утрово тимот потврди дека нема да ги користи услугите на Џовинаци во иднина.

да се збогуваш со возач никогаш не е лесно, особено во случајот со антонио кој беше долго време дел од екипата.

се збогуваме, но со радост ќе се присетуваме на спомените и добрите времиња кои ги имавме како и добрите и лоши работи кои ги научивме и сето тоа ни помогна да пораснеме како екипа.

му посакуваме на антонио се најдобро по крајот на оваа сезона, а претходно имаме уште три трки да постигнеме добри резултати и силно да ја завршиме сезонава – изјави фредерик васур, шефот на тимот.

Џовинаци дојде во Алфа Ромео во 2019 година и се трка три сезони за нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ