Џок Клиар ќе ги советува возачите од Академијата

Ферари открија како ќе биде проширена улогата на искусниот инженер Џок Кллиар, а во однос на нивната Академија за млади возачи.

Клиар е со Ферари од 2015 година откако претходно работеше во Мерцедес и беше инеженер за трка на Нико Роберг, улога која претходно ја имаше и во Вилијамс каде му помогна на Жак Вилнев да освои наслов во 1997 година. Таа сезона тој беше директна конкуренција на Михаел Шумахер, но подоцна се најаде работејќи со Црвениот Барон во неговите години минати во Мерцедес.

Интересно, Клиар многу му помогнал на младиот Мик Шумахер кој е дел од Академијата на Ферари за неговиот развој и трасирање на патот до Формула 1.

џок клиар е одлична личност, голем професионалец и е во ферари веќе неколку години. неговата улода минатата сезона беше да ги подучува и советуа возачите, инженер кој треба да ги поддржив возачите со цел нивните перформанси да бидат врвни.

тој геда во нивното возење и податоци, гледа како минуваат низ кривините, како забрузваат и менаџираат со гуите. им дава поддршка на инженерите за трка, оние задолжени за перформансите и го поага развојот на самите пилоти – појасни матиа биното, шефот на скудерија.

Целта на Ферари е да најдат талентирани возачи кои во иднина ќе донесат успех за најтрофејниот Формула 1 тркачки тим.

анализиравме некои табели со џок минатите недели и сакаме уште повеќе да го насочиме да ги едуцира, насочува и обучува возачите, не само шарл, туку и останатите младинци од нашата академија.

го имаме мик во хаас кој ја почнув својата формула 1 кариера, но имаме и возачи во формула 2 како роберт шварцман, калум илот кој ќе биде наш тест и развоен возач годинава.

улогата на џок ќе биде да им помогне на сите тие возачи да се развијат себе како возачи и личности со цел максимално да се искористи нивниот потенцијал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ