Џордан: Рикардо не може да му парира на Перез

Дејвид Култхард и Еди Џордан зборуваа за машината Макс Верстапен во Ред Бул која ги уништува своите колеги. 

Даниел Рикардо е поранешен колега на Макс Верстапен и Џордан верува дека австралијанецот не верува дека може да е подобар од Перез. Холанѓанецот е водечки со 14 поени предност пред Перез, а Дејвид Култахард размислува исто како Џордан и според него само Перез може да го предизвика за титулата. 

Мислам дека имаме генерација на возачи во слична возраст и ќе видиме како ќе се борат. Било кој од нив со конкурентен болид би имал шанса да го предизвика Макс. Предизвик за Макс во ист тим е тешко бидејќи е машина. Тој е така подготвен уште од најмлади нозе и растел на патека. Тешко дека некој ќе влезе во болид на Перез и да го предизвика. 

Џордан зборуваше и за шансите на Рикардо да се врати во болидот. Тој е негов поранешен колега и смета дека не може да му парира на Перез. 

Мислам дека сите се свесни дека Рикардо е таму, Но нема шанси да го прави тоа што го прави Чеко. Колку и да ни се допаѓа, Чеко е одличен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ