Џордан се сомнева во тимски наредби во Ред Бул

Поранешниот сопственик на Ф1 екипа, Еди Џордан, се сомнева дека имало тимски наредби во Ред Бул при крајот на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. 

Малку сум загрижен бидејќи во нормални околности Верстапен ќе победеште, Но можеби имаше договор со Перез бидејќи тој беше на пол позиција и водеше во текот на трката. Што требаше да се случи за Перез да не победи?

Тимот на крајот на трката преку тимското радио побара од возачите да забават поради нивните проблеми. Дури во еден момент се побара од Перез да успори, а Верстапен постави најбрз круг на крајот за да стигне до водечкото место кај возачите. 

Доколку бев Чеко, немаше да го пуштам Верстапен. Мислам дека се согласија Макс да остане втор и Перез да победи. 

Верстапен имаше променета трансмисија на квалификациите и се врати на постар менувач, но се чинеше дека и на трката има проблеми со него. 

Дали бев изненаден од поплаките на Макс? Не затоа што Имаше уште 15 кругови и проблем со пренос кој може да се скрши, а инженерите кажуваат дека се е во ред и под контрола. Тоа е пораката. Се се одигра зад сцената и мислам дека тој ќе победеше доколку му дозволеа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ