🎥 Скај ја повлекоа рекламата со излетувањето на Верстапен

Рекламата на Скај Спортс во која беше прикажано излетувањето на Макс Верстапен во Британија беше тргната откако Ред Бул се пожалија.

Во кратката реклама беше прикажано излетувањето на Верстапен на Силверстон во забавена снимка и на крајот се појавува Среќен Божиќ. Верстапен беше во болница по огромниот удар во заштитната ограда по контактот со Луис Хамилтон во брзиот свиок Копс. За ова Хамилтон доби казна од 10 секунди, но победи на доминантна трка. 

Скај го информираа Ред Бул дека нема повеќе да ја прикажуваат рекламата. Има и втора реклама која го прикажува инцидентот помеѓу двајцата возачи во Италија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ