Хамилтон куртули од казна, Мерцедес мора да платат 25.000 евра

Луис Хамилтон мина без казна откако мораше да се појави кај стјуардите во Сингапур поради носење на пирс на носот додека возеше на Марина Беј.

Но, Мерцедес добија казна од 25.000 евра што не го навеле тоа во нивниот детален извештај за болидот кој се доставува до контролата на трка.

Формула 1 годинава најави дека строго и доследно ќе ги почитува правилата за неносење никаков накит во болидот, на што Хамилтон најжестокот реагираше. Потоа му беше дадено период од неколку трки за хируршки д ги отсрани своите пирсови и следуваше почитување на забраната се до Сингапур кога повторно се појави со пирс во вид на алка на носот.

Возачот достави медицинска документација во која се вели дека поради инфекција при отстранување на пирсот, докторите дале насоки истиот да не се отстранува.

телевизискиот пренос покажа дека хамилтон има накит во форма на пирс, алка на носот за време на тренинг сесиите. тој призна дека има објаснување за тоа, односно насока од докторите да не го отстранува тој накит во моментов.

стјуардите побараа од него да го објасни тоа, а тој достави медицински извештај кој го потврди неговото објаснување.

стјуардите потоа се консултираа со медицинскиот делегат, доктор иан робертс, кој ја разгледа документацијаа и се согласи со мислењет ово истата. поради околностите, решивме да не превземаме никакви дејствија кон возачот – вели соопштението од стјуардите.

Во својот извештај за болидот на Хамилтон, Мерцедес напишале дека тој не носи никакво накит, што се потврди како неточно.

како што бара спортскиот правилни пред првата сесија, тимот поднесува извештај за болидот, а во изветшајот за болидот на хамилтон се велеше дека е соглано сите правила и возачот не носи никаков накит или пирс.

тоа тврдење беше неточно затоа што хамилтон имаше пирс на носот кој не можел да го отстрани. менаџерот на тимот појасни дека не бил свесен за тоа затоа што на скорешните настани тоа не било случај.

без да го проверат воачот, тимот заклучил дека тој повторно е без пирс и тоа го навеле во извештајот.

стјуардите ја прифаќаат грешката на тимот и тоа дека истата не била намерна, но и дека не смеела да се случи и дека возачот требало да биде испитан. поради сето тоа, тие се казнети со 25.000 евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ