Марко најавува изненадување во Недела

Ред Бул имаа силен ден и беа на врвот на двете петочни сесии во Џеда, но советникот доктор Марко посочи дека ќе има изненадување зад нив.

Иако холанѓанецот задоцни на викендот во Саудиска Арабија поради стомаче вирус, не губеше време и моќно почна уште на првите 60 минути, кога беше побрз од колегата Чеко ПЕрез. Доктор Марко беше задоволен од денот, но смета дека поредокот нема да биде исти како во Бахреин пред две недели.

ферари имаат резерва во моторот, а зад нас ќе биде интересна борба помеѓу нив и одличниот фернандо алонсо, но и алпин – смета советникот за моторспорт.

Во врска со ритамот и брзината на Ред Бул, тој смета дека екипата нема никаков проблем со сетирањето, но сеуште не знаат која компонанета на гуми ќе биде најдобра за трка.

задоволни сме со подесувањето на болидот, но во врска со гумите, сеуште разгледуваме која е најдобра опција за трка. поради тоа верстапен возеше на софт, а чеко на медиум кога симулираа трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ