На Нико не му се допаднало однесувањето на Верстапен

Нико Розберг, Ф1 шампионот од 2016 година, го критикуваше Макс Верстапен поради неговото однесување по крајот на трката во Џеда.

Иако холаншѓанецот успеа да стигне до 2ро место по стартот од 15та позиција, тој беше видно незадоволен. По проблемите со преносот на квалификациите, мораше да надоместува на трката, а кога дојде до втората позиција, не успеваше во ниту еден момент соодветно да се доближи и да го нападне својот колега.

мислам дека неговиот пристап и менталитет во моментов, толку рано во сезоната не се добри, а неговите коментари беа претерани и може да направат штета на тимот во ситуација во која ред бул завршија фантастична работа во текот на зимата – објасни нико во својата изјава за британски ѕку.

Розберг тврди и дека Макс намерно го пропуштил состанокот со тимот во сабота откако му окажал преносот.

тоа не е воопшто добро да се гледа. ни кажаа дека не присуствувал на тимскиот состанок во сабота по квалификациите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ