Волф: Преглед на казната ќе биде поголем проблем за Фетел

Ферари нема да поднесат жалба за временската казна на Себастијан Фетел од Канада, но италијанската екипа бара друг начин да ја врати победата.

Се откажавме од нашата намера да се жалиме и ја разгледуваме можноста за анализа.

Се смета дека Ферари дошле до заклучок дека традиционалниот процес за жалби нема да успее. Но според друг член во спорстката регулатива, дозволена е преглед на одлуката на стјуардите доколку има нови докази.

Според некои извори, овој нов доказ може да биде видео запис или телеметрија која истите стјуарди би ја користеле за преглед на настанот.

Се сомневам дека има нови докази – истакна Ернст Хауслајтер, коментаторот за австриски ОРФ.

Претседателот на Асоцијацијата на Гранд При Возачи, Алекс Вурц се согласува.

Секој кој смета дека казната не е оправдана греши. Проблемот е во премногу правила. Сакаме правила за се и сешто и поради тоа сме во оваа ситуација.

Тото Волф, тимскиот шеф на Мерцедес, смета дека стратегијат на Ферари да притискаат за преглед е неправилно насочена.

Неможе да ја избришете казната. Најлошо сценарио е стјуардите, откако ќе ги разгледаат податоците, да одлучат дека е потребна поголема казна.

Зборев со Матиа Биното и тој смета дека тоа што се случило не е 100 проценти казна. Јас мислам дека тој 100 проценти греши.

Факт е дека Фетел излета од патеката, погледна кон ретровизорите и го избутка Луис кон ѕидот. Ако Луис не сопреше, двајцата ќе се судреа. Поради тоа има казна.

Да, контроверзно е. Но во нашиот спорт нема заложници.

Според La Gazetta dello Sport, Ферари има рок до Француското Гранд При да го поднесе својот случај за преглед на казната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ