Хамилтон: Ферари има мод на моторот кој Мерцедес го нема

Моторот на Ферари има мод на подесување на моќта која Мерцедес не може да ја постигне во моментов, смета лидерот во првенството Луис Хамилтон.

Мерцедес победи на сите 7 трки досега во сезоната, а Хамилтон забележа 5 триумфа во истите, а последниот беше во контроверзни околности во Канада. Изгубената победа на Фетел во Монтреал го стави во позиција во која заостанува 62 поени позади Хамилтон, кој пак тврди дека Мерцедес има дефицит во моторот.

Тие беа толку брзи на правците. Дефинитивно имаат мод на моќ кој ние моментално го немаме.

Наеднаш тој има дополнителна моќ и исчезнува на правците, дури и кога мене ми е отворен ДРС-от.

Во трката знам дека наеднаш тој имаше перформанси на правците, но тоа е дел од играта. Тие дефинитивно завршиле одлична работа со агрегатот. Имаше момент кога Мерцедес беше во водство во таа област. Не чека работа. Тие се пред нас во моментот.

Не очекува работа. Видовме колку беа брзи Ферари во Канада, а во Монако исто така, така што ќе биде интересно како ќе се одвиваат работите.

Побрзи се од нас на правците, имаат дополнителен мод кој го користат, особено во квалификациите, но и во трката исто така. Имаме многу работа пред нас, но барем имаме добра борба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ