Васур задоволен од изданието на Џовинаци

Фредерик Васур, шефот на Алфа Ромео, го пофали својот возач Антонио Џовинаци и начинот на кој се вратил со одлични перформанси откак оедна недела претходно излета и заврши во оградата во последниот круг од Белгиското Гранд При.

Италијанецот се возеше на 8мо место кога излета и заврши во оградата на Спа, а тоа зачинето со сударот во првиот круг значеше трка без поени минатата недела за Алфа Ромео. Кими беше надвор од трка и во Италија откако тргна од бокс поради судар на квалификациите, а тимот му стави погрешни гуми по што доби и казна, така што сета надеж на тимот од Хинвил беше во Антонио кој финишираше на 9то месо.

Возачите на Алфа Ромео се доста изедначени на квалификациите, додека во однос на освоените поени, Раиконен има вкупно 31, а Џовинаци само 3. Скудерија Ферари има право на свој возач во Алфа Ромео, поради што се смета дека иднината на италијанецот е загарантирана во Хинвил, особено по фактот што најавите говорат дкеа Мик Шумахер ќе одработи и втора година во Формула 2.

беше многу важно да се освојат поени, така што антонио испораќа одлични квалификации и одлична трка. секако дека поените од спа нема да ни се вратат, но барем во сингапур одиме “од нула“.

никогаш психолошки не е лесно да се менаџира кога сте во таква ситуација, но тој имаше силни квалификации, на тренинг сесиите беше брз, а исто и на трка.

имаме некои технички проблеми сезонава и можам да разберам ако некој е разочаран. секако дека не му беше убаво по спа, но тоа веќе го заборави и сите заедно сме сконцентрирани на сингапур.

имаше одлична реакција, не е лесно да сте во негова кожа и да изреагирате вака. покажа дека има срце да го направи тоа.

знаевме дек спа и монца секогаш ќе бидат тешки за нас и одиме на следната – појасни васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ