Даниел Рикардо е кловн во падокот

Формула 1 коментаторот, Олав Мол, смета дека Даниел Рикардо ќе постигне успех во спортот само откако ќе престане да се однесува како кловн помеѓу возачите и да почне да размислува сериозно.

Минатата година, австралијанецот ги изненади сите со одлуката да премине од Ред Бул во Рено, додека францускиот производител имаше аспирации да ја намали разликата кон врвната тројка.

Тоа не се случи, наместо тоа, Мекларен излегоа како “најдобри од останатите“. Мол смета дека ставот на Рикардо не им помогнал на Рено.

Тој не се подобри. Тоа што сака да биде кловн во падокот не е доволно. Рикардо е многу добар и одличен за ПР, но на работното место? Во Бразил тој се врати од задните редови, но освон тоа немав забележано вистински моменти препознатливи за него.

Не забележав дека го подобри Рено. Тој мора да биде помалку забавен и да работи повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ