Верстапен: Стјуардите се како фудбалски судии

Макс Верстапен смета дека расудувањето на Формула 1 стјуардите е исто со судењето на фудбалскит есудии затоа што личната интерпретација секогаш ќе биде клучна при носењето на одлуките.

Младиот холанѓанец беше под истрага по трката во Австрија поради неговиот агресивен маневар во моментот кога го минуваше Шарл Леклер од Ферари за водство и победа на трката на само два круга пред крајот. Следуваше Силверстон каде повторно двајцата жестоко се бореа на патеката, но трката беше и почеток на нова политика во Формула 1 каде стјуардите дозволуваа повеќе агресија при тркањето.

исто е во фудбалот со судиите, нели? имате различни судии, а некои дават жолти картони поленсо од други. исто е и во формула 1. секако дека постојат правила, но стјуардите го имаат последниот збор.

на секој натрпевар во лига на шампиони или во премиер лига, секогаш има различен судија. понекогаш некој се извлекува без жолт картон, но некогаш за истото се добива и црвен и сите се во прашалници. исто е и кај нас – сликовито појасни макс.

Спортот воведе ново црно-бело знам, налик на жолт картон во фудбал, кое се доделува како опомена за некој опасем маневар. Леклер доби таква казна за блокирањето и истуркувањето на Луис Хамилтон од асфалтот на Италијанското Гранд При.

За разлика од фудбалот каде има многу судии, стјуардите во Формула 1 не се толку многу бројни, така што личното мислење на некои од нив е и тоа како важно. Но, на Верстапен се чини тоа не му смета многу.

тоа е во ред. кога сте на погрешната страна од казната, секако дека не е добро освен ако не сте направиле нешто навистина лошо и мора да го прифатите. но, има и 50-50 ситуации кога сте казнети и во тој случај секогаш ќе се сомневате во одлуките.

тешко им е и на официјалните лица. сум бил во нивните простории за време на формула е трката во маракеш и сум искусил како се доделуваат казни. не им е лесно затоа што и тие не сакаат да казнуваат, но понекогаш мораат поради правилата.

мислам дека некои казни може да се олеснат или на друг начин да се напишат правилата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ