Инвестицијата на Строл го овозможила “розевиот Мерцедес“

Рејсинг Поинт одамна посакувале да ја прифатат аеродинамичната филозофија на Мерцедес, но не биле во можност поради финансиските средства.

Тоа се промени откако Лоренс Строл ја купи екипата во летото 2018 година. Придвижувани од мотор на Мерцедес, како и менувачка кутија од Брекли, тимскиот шеф Отмар Шафнауер, вели дека Рејсинг Поинт одамна посакувале да зачекорат во оваа насока.

Земајќи предвид дека тимот често мораше да пренесува делови од една во друга сезона за да зачуваат пари, не беше се додека се појави Строл кога тие целосно се откажаа од стариот болид и започнаа од ново. “Ново“ резултираше кон “розев“ Мерцедес.

Одамна гледавме кон овој концепт, повеќе поради тоа што и менувачката кутија ја купуваме од Мерцедес. Мерцедес ја развија нивната менувачка кутија да одговара на целосниот концепт. Ние го купувавме тој дел, но користевме поинаков аеро концепт, што значи дека секогаш нешто недостасуваше.

Долг период сакавме да преминеме кон овој концепт, со понизок заден дел, но немавме доволно финансиски ресурси. Секогаш моравме да започнеме од ново – откри шафнауер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ