Хелмут Марко најави дека Кинеското Гранд При би можело да биде единствената трка надвор од Европа оваа година. До сега се потврдени се само осум трки на календарот и сите се наоѓаат на Европско тло.
Наредната недела почнува сезоната во Австрија со две трки во два викенда, а потоа се селат во Унгарија. Следува пауза, а потоа двојна програма на Силверстон и преселба во Шпанија, Белгија и Италија.
Сеуште се размислува за останатите трки откако се откажаа Сингапур, Јапонија, Азербејџан и Австралија, а не е потврдено ниту учеството на Америка, Мексико и Бразил.
Се сомневам дека ќе има трки надвор од Европа. Единствено можно е да се одржи трка во Кина – скептичен е доктор марко.
Но, тој е сигурен дека ќе се одржат првите две трки во Австрија.
Ова е бизарна ситуација и мора да си агресивен од старт. Во исто време не е добро да се откажете од некоја трка.
Марко тврди дека единствено Луис Хамилтон е фаворит за победа.
Само Луис Хамилтон е кандидат за титулата, но сакаме ова да е прва титула за Верстапен.