🎥 Кими се мачеше да “држи чекор“ со синот во картинг

Кими Раиконен, искусниот возач на Алфа Ромео, призна дека на моменти се мачи да “држи чекор“ со својот син Робин кога се тркаат на картинг и признава дека неговиот 5-годишен син станува се подобар.

Во текот на долгата пауза и карантинот предизвикан од пандемијата, Кими уживаше со своето семејство во родната Финска, но и во Швајцарија во својата куќа близу фабриката во Хинвил. Неговата сопруга, Минту, постираше видео на Инстаграм пред две недели покажувајќи како Кими и Робин се тркаат заедно и изгледаше дека “малиот“ е побрз.

тоа што го правиме е само за да уживаме. некогаш возиме многу кругови, но и како со сите деца, еден ден сакаат да прават нешто, друг ден не. се додека уживаме, ќе возиме.

тој станув се побрз, а со картинг за изнајмување не можам да се носам со него, ми треба повеќе моќ, освен тоа се е супер – објасни кими.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ