Ферари имаат намера да ја променат шасијата на Фетел

Ферари се отворени за промена на шасијата на Себастијан Фетел, доколку германецот смета дека има некаков проблем со неговиот СФ1000 по катастрофалните изданија последните две недели. 

Ова беше втор фрустрирачки викенд на Силверстон за Фетел кој повторно не стигна до поени бидејќи не можеше да најде брзина во болидот по што тој во моментов е на 13 позиција во шампионатот. 

Четирикратниот првак не знае што е точно проблемот, а неговиот шеф Биното изјави дека би ја промениле шасијата доколку тоа му помогне. 

Тоа е нешто што не треба да се дискутира затоа што Тоа е дел од дискусија во тимот. Мислам дека сме отворено да му помогнеме. Зошто да не?

Важно е Себ да знае дека е дел од тимот и важно е да биде подобар на наредните трки. Ќе оставиме на него и ќе дискутираме. 

Фетел изјави дека нема напредок кај болидот и ова е дно на перформансите, но се надева на подобра трка во Шпанија. 

Два виканда со лоши квалфикации и без напредок, Тоа е се. Мислам дека овој викенд беше потежок бидејќи имав различна потисна сила на болидот. Се мачев во бавните и средните свиоци.

Треба да се најде проблемот. Имаме трка наредната недела и мора да се вратиме на нормално темпо. Денес и цел викенд имавме многу различни перформанси со Шарл. Јас заглавив во сообраќај позади. ТОа што се излизгав во првиот круг ме чинеше доста. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ